Ордановски: Ахмети полека создава терен за да се пензионира

од Берта Китинска

Новинарот Сашо Ордановски гостува вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 вели заминувањето на Али Ахмети од политиката нема да се случи на овие избори, но дека полека се создава терен за негово пензионирање.

Ордановски додава дека Ахмети нема да биде единствениот познат политичар кој ќе се пензионира поради фактот што и Зоран Заев го најавувал истото, односно дека ова ќе му биде последен мандат.

„Така што, во 2022/23 ќе дојде до голема промена на агендата на Македонија. Мислам дека ДУИ на време фаќа приклучок, и кога разговарале со овој тип на советници мислам дека им ја посочиле темата која што навистина има капацитет во себе за да не биде ова само ПР“, вели Ордановски.

Слични содржини