Англискиот актер Орландо Блум (43) ја сподели со обожавателите информацијата дека минува низ тешки моменти и се расплака во видеото откако го истетовира името на своето мртво куче на градите.
Имено, Орландо го загуби своето куче Мајти, по кого трагаше седум дена низ Монтезит, каде живее со својата бремена свршеница, пејачката Кети Пери (35). Тој посвети тетоважа на своето непрежалено милениче, која се наоѓа на левата страна на градите.
– Мајти е на другата страна сега. После седум дена трагање од изгрејсонце до зајдисонце во доцните часови, денес, седмиот ден, ја пронајдовме неговата огрлица. Оваа недела плачев повеќе отколку што мислев дека е можно, и тоа беше многу заздравувачко – започна тој.
– Не оставив ниту еден камен непревртен, барав во сите можни дупки, под патот, пребарував во секој двор. Имав две кучиња трагачи, тие дадоа се од себе- напиша актерот.
Тој дури и отиде чекор понатаму и му направи споменик на своето куче.
Во претходниот пост пред да го најде Мајти, Блум напиша дека не се сеќава кога бил толку скршен во животот и со денови молеше за помош во потрагата на Инстаграм.