„Ослободување на Скопје“ – македонски кандидат за Оскар

од Vladimir Zorba
88 прегледи

 

Филмот „Ослободување на Скопје” во режија на Раде Шербеџија и неговиот син Данило Шербеџија е избран за македонски кандидат за Оскар од неанглиско говорно подрачје, соопшти Друштвото на филмските работници на Македонија. osloboduvanje-na-skopje-film-5-custom-1

Филмот бил избран со мнозинство гласови од Комисијата за избор, во состав: Лабина Митевска (претседател), Наум Доксевски, Дејан Дуковски, Петар Богоевски, Роберт Јазаџиски, Мето Јоваовски и Игор Василев-Новоградска (членови).

„Ослободување на Скопје“ премиерно беше прикажан на отворањето на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ во Битола на 10 септември и веќе се прикажува во киното Синеплекс во Скопје. osloboduvanje-na-sk

Неговата официјална премиера ќе биде одржана на 1 октомври во киното Милениум.