Османи: Интеграцијата во ЕУ зависи од моменталните политички состојби

од Берта Китинска

Поддршката од Словачка во овие момент ни е многу значајна ни влева оптимизам во сите прогресивни сили во земјава.С. Македонија заслужува да ги започне преговорите.Свесни сме дека во ЕУ не треба да внесуваме недоразбирања, но објективен е впечатокот кај нас и кај другите во регионот дека принципот на интеграција станува нејасен, непредводлив и не наградува според учинок туку според моменталните политички состојби.Ние испорачавме набрзо ќе ги доставиме ажурираните документи, изјави денеска министерот за надворешни работи Бујар Османи.

На прес-конференцијата со словачкиот министер за надворешни и европски работи Иван Корчок тој рече дека словачката поддршка воопшто не е спорна, туку дека е недвосмислена и принципиелна, а.

-Поддршката за евроинтеграциите останува и за тоа има две причини: нашата волја и интересот на земјите – членки за Западен Балкан да стане дел од ЕУ.Кога станува збор за проширувањето, ги цениме државите според исполнетите критеруми и ќе повторам, ние сакаме да оди напред тој процес, но за тоа е потребен консензус и пандемијата не може да не запре во исполнување на таа агенда, рече Корчок.

Слични содржини