Османи на Бислимовски му подари бубрези: „Граѓаните треба да ги продаваат органите за да ги платат сметките“

од Берта Китинска

Во вечерашната дебатна емисија во „Клан Македонија“ претседателот на РКЕ Марко Бислимовски од  Кренар Османи од Иницијативниот совет во име на граѓаните доби бубрези на подарок како симбол дека тоа е  само што им останало на граѓаните за да ги донираат во енергетските компании.

Тој додаде и дека состојба не им овозможува на граѓаните да ги плаќаат високите сметки па наместо тоа, граѓаните треба да ги продаваат органите со цел да ги платат сметките.

Регулаторната комисија за енергетика не може да влијае врз 60% од елелементите кои влијаат на крајната цена на домаќинстава, истакна претседателот на Регулаторната комисија за енергетика.

-Цените ги носиме врз основа на податоците кои ни ги доставуваат компаниите, рече Бислимовски, додавајќи дека од 2019 година РКЕ повеќе не ја определува цената на ЕСМ/ЕЛЕМ за ЕВН Хоум, кој е универзален снабдувач, потоа РКЕ нема влијание за трошокот за обновливи извори, кој сите потрошувачи го плаќаат на повластените производителни на електрична енергија, ниту на маржата на ЕВН Хоум.Со поднесените барања, од компаниите на крајот на мај/јуни РКЕ не беше задоволна, бидејќи бараа поскапување и од 70% и ако ги прифатевме зголемувањето на цената на електричната енергија за домаќинствата ќе беше 25%. По разгледувањето на дополнителните податоци од компаниите, моравме да ја донесеме одлуката за зголемување на цената на електричната енергија, која да потенцирам знам дека е тешка, рече Бислимоски.

Слични содржини