Основачите на „Самсунг“ донираат уметнички дела за да платат данок

од Stefanija Kuzmanovska

Семејството на основачите на јужнокорејската компанија „Самсунг“ одлучи да донира десетина илјади уметнички дела, вклучувајќи слики од Пикасо и Далиј и да ги поклони стотиците милиони долари за медицински истражувања со цел да се намали износот на данокот на наследство оставен зад себе од поранешниот претседател на компанијата Ли Кун-Хи кој почина минатата година.

Семејството на покојниот Ли, неговата вдовица и трите деца, треба да плати повеќе од 10 милијарди долари данок на наследство, беше соопштено денес од „Самсунг“.

Во извештајот на АП се наведува дека ова ќе биде најголемиот износ на данок досега во Јужна Кореја, трипати поголем од вкупниот данок собран во таа земја минатата година.

Семејството Ли планира да го плати данокот на шест рати во следните пет години, а првата рата да ја плати до крајот на месецот за да може да ја задржи контролата врз компанијата.

Семејството Ли планира да донира 23.000 уметнички дела од нивната приватна колекција во јужнокорејските национални музеи, а ќе донира 900 милиони долари во фондот за истражување на заразни болести и за наоѓање лекови за деца кои страдаат од рак или ретки болести.

Слични содржини