Основачот на Twitter: „Маск е единственото решение во кое верувам“

од Vladimir Zorba

Во серија твитови кои започнаа со песната „Everything In Its Right Place“ на британскиот бенд Radiohead, Џек Дорси – основачот на Twitter – рече дека „во принцип, не верува дека некој треба да го поседува или да управува со Twitter“.

„Елон е единственото решение во кое верувам. Верувам во неговата мисија да ја прошири свеста“, додаде Дорси.

Претходно во серијата твитови тој рече дека „Twitter е најблиското нешто што го имаме до глобалната свест“. Добар дел од таа „глобална свест“ последниов месец се прашуваше дали Маск навистина ќе ја купи компанијата или не.

Пред да се потврди синоќа, имаше моменти кога се чинеше дека тоа нема да се случи.

Маск на почетокот на месецот стана најголем акционер на Twitter, само 10 дена подоцна понуди да ја купи компанијата за 42 милијарди долари. Таа понуда беше одбиена следниот ден.

Меѓутоа, во понеделникот се појавија информации дека Twitter е блиску до склучување договор со Маск, а синоќа беше потврдено дека милијардерот ја купил социјалната мрежа за 44 милијарди долари.

Слични содржини