Остин: Постои зголемен ризик од напади врз американските сили на Блискиот Исток

од Vladimir Zorba

САД веруваат дека постои можност за ескалација и дека постои зголемен ризик од напади врз американските сили и граѓани на Блискиот Исток, изјави американскиот министер за одбрана Лојд Остин.

Во врска со ова, во интервју за ABC, Остин потсети на неодамнешните напади со беспилотни летала врз американските сили во Ирак и Сирија.

„Го правиме она што е неопходно за да се осигураме дека нашите сили се подготвени и способни да одговорат“, рече Остин.

Според него, дополнителното распоредување на американските сили на Блискиот исток испраќа уште една порака до оние кои би сакале да го прошират конфликтот во регионот, имено дека САД нема да се двоумат да преземат соодветни мерки за да го спречат ширењето на војната.

Остин истакна дека Америка во моментов е фокусирана на тоа да му обезбеди на Израел се што му е потребно за да се одбрани, наведувајќи дека е во контакт со израелскиот министер за одбрана Јоав Галант речиси секој ден. Остин истакнал и дека им рекол на израелските власти дека Израел треба да ги спроведе своите операции во согласност со законите на војната.

Американскиот министер додал дека ставот на САД отсекогаш бил дека решението со две држави за палестинско-израелскиот конфликт е адекватно.

Претходно беше објавено дека САД ќе распоредат противракетен систем „THAAD“ и дополнителни баталјони на противвоздушни ракетни системи „Патриот“ на Блискиот Исток.

Остин, исто така, нареди подготовки за распоредување дополнителни трупи за, како што рече, подобрување на подготвеноста и способноста за брзо реагирање доколку е потребно.

Слични содржини