500
Поранешниот градоначалник на Битола Владимир Талески доби осум години затвор за злоупотреба на службената положба и овластување за случајот „Транспортер”.
Првостепената пресуда за овој предмет кој го покрена Специјалното јавно обвинителство, ја изрече судијката Добрила Кацарска, а странките имаат право на жалба до Апелацискиот суд во Скопје.
Останатите обвинети дел добија затворски казни во траење од 2 и пол до 6 и пол години, а дел добија условни казни.
Обвинетите беа гонети за злоупотреба на службената положба во врска со организирањето превоз на ученици во Битола, со што е направена проневера на околу 360.000 евра.