Осуммина ранети при стрелба крај џамија во Авињон

од Vladimir Zorba

  Најмалку осум лица се ранети синоќа при стрелба покрај џамија во јужниот француски град Авињон.

Француската полиција ја отфрли можноста дека станува збор за екстремистички напад, оценувајќи дека веројатно случајот е поврзан со расчистување на сметки меѓу млади лица.

Очевидци наведоа дека еден или двајца вооружени мажи со покриени лица стрелале во лицата кои илегувале од џамијата по синоќешната молитва околу 22.30 часот. Напаѓачите се во бегство.

ТАСС јави дека повредени се четири лица кои стоеле на улицата крај џамијата, како и едно четиричлено семејство кое живеело во близина на Авињон. 

Слични содржини