Освои четири Оскари па ја насмеа екипата со она што го направи со нив

Филмот Паразит синоќе влече во историјата откако стана првиот странски филм кој ја освои наградата Оскар за најдобар филм. Освен тоа, тој освои Оскар и за најдобар странски филм, за сценарио и режија.

Неговиот режисер и сценарист Бонг Јоон-хо по прогласувањето беше центарот на вниманието, а не успеваше да сокрие колку е среќен поради освоените признанија. Така тој пред фотографите се шегуваше и глумеше дека неговите Оскари се бакнуваат.

View this post on Instagram

Iconic #bongjoonho #oscars

A post shared by 𝖈𝖍𝖎𝖆𝖗𝖆👁‍🗨 (@paneeangoscia) on

Фотографијата на која неговите Оскари „се бакнуваат“ денес е хит на Твитер.

Но, симпатиите на гледачите ги привлече кога камерите го фотографирале како им се извинува на луѓето кои треба да ги гравираат неговите награди.

„Жал ми е што ги имам толку многу“, рекол.

Слични содржини