77
Комисијата за европски прашања на која утре требаше да почне амандманската расправа за законот за употреба на јазиците е откажана, информира ТВ24.
Нема информации кога би се одржала и зошто буквално преку ноќ ја снема од веб страницата на Собранието.
Претседателот на комисијата Артан Груби кој што е во работна посета во Брисел не одговараше на телефонските повици. Откажувањето на комисијата доаѓа откако вчера еврокомесарот Јоханес Хан ја предупреди Владата дека законот за јазици не е европски приоритет.
Во меѓувреме дел членови на здружението македонски национален совет поставија шатори пред Собранието и порачаа дека нема да си одат од таму додека не се повлече законот за употреба на јазиците.