Откриен идентитетот на мистериозниот маж кого пејачката страсно го бакнуваше

Пејачката Леди Гага овој викенд се опушти и разменуваше нежности на балконот на својот дом со мистериозен маж. Странските медиуми пишуваат дека станува збор за Мајкл Полански, поранешен инвеститор кој работи како извршен директор на компанијата „Паркер Груп“, која е во сопствеништво на еден од основачите на Фејсбук, Шон Паркер.

Гага и Полански за прв пат беа видени во Лас Вегас, а наводно се запознале во Лос Анџелес на прославата на неговиот роденден.

– Мајкл е навистина многу паметно момче, сериозен е. Луѓето зборуваат дека ги запознал Шон Паркер во својот дом, а беа заедно и на ручеци и други случувања. Шон, по повод својот роденден, организираше забава во својот дом во Лос Анџелес во декември, а Гага и Мајкл беа таму – рекол извор за странските медиуми.

Пејачката, денеска и самата ја потврди врската објавувајќи фотографија со новото момче на Инстаграм.

Инаку, Гага, за време на минатото лето ја поврзуваа соинжењерот за звук Ден Хортоном, но есеноска таа и самата потврди дека е слободна. Пред Кристијан Карин беше верена за актерот Тејлор Кини со кого беше заедно пет години, а прекинаа во 2016 година.

Неодамна се најде и во скандал поради наводната афера со актерот Бредли Купер со кого го снимаше филмот „Ѕвездата е родена“. И двајцата негираа и тврдеа како неѓу нив не постои ништо повеќе од пријателство.

Слични содржини