Археолозите со право се заљубени во тајните и мистериозни тунели. Тие секогаш ја разпалуваат имагинацијата дека тие водат кон некакво богатство.

Сега научниците од Националниот институт за археологија во Мексико Сити со помош на СТ скенер открија обемен скриен тунел, на околу 10 метри под површината на Теотиуакан, вистинска античка метропола, лоцирана на 48 километри североисточно од денешната престолнина.
Тунелот се наоѓа под грандиозната Пирамида на Месечината и продолжува кон централниот плоштад – област користена некогаш за човечки жртви и други мистични ритуали. Пирамидата е највисоката структура во градот и е опколена од помала своја верзија, каде што луѓето стоеле, за да го набљудуваат извршувањето на жертвувањето.
Истражувачите се убедени дека тунелот наликува на другите, откриени во реонот, планирани да имитираат влезови кон подземјето. Можно е тој да бил централен тунел – рбетот на мрежата од скриени тунели кои се испреплетуваат под површината. Во превод од науатл, името Теотиуакан значи “Место на боговите” или “Каде боговите се создадени”.
Тој е основан е околу I век п.н.е. дд непознати индијански народи и не е директно поврзан со империја или одредена култура. Процут му бил меѓу 5. и 6. век, кога во него живеле меѓу 200 – 250 илјади луѓе. Од непознати причини, градот е напуштат и станува пуст во 9. век. Три века подоцна е обновен од Ацтеките кои користат храмовиот комплекс за религиозни ритуали. Денес градот е делумно ископан. Откриени се пирамидите и поголемите храмови и објекти. Археолозите го испитуваат комлексот од почетокот на 20.век до денес.