Откриени нови детали од односот на Шакира и Луис Хамилтон

од Stefanija Kuzmanovska

По раскинувањето со Жерар Пике, музичката ѕвезда Шакира е цел на бројни додворувачи, а меѓу нив има и многу популарни заводници.

Како што со недели пишуваа медиумите, Шакира му се допаднала и на Том Круз, а пејачката и познатиот актер во неколку наврати беа фотографирани заедно.

Иако многумина мислеа дека на повидок е нова љубов, се чини дека популарната пејачка сепак одлучила да ужива во присуство на друг маж.

Шакира и возачот на Формула 1 Луис Хамилтон во последно време се многу блиски, а тоа го потврди и извор близок до нив.

„Сакаат да поминуваат време заедно и моментално се во фаза на запознавање, тоа е интересно и флертот меѓу нив е очигледен“, изјавил изворот за странските медиуми.

Да потсетиме, Шакира беше видена во друштво на спортистот на јахта, а шпекулациите за нивната наводна врска започнаа уште во мај.

Папараци ја фатија Шакира како се качува на јахта пред нејзината вила во Мајами, на која им се придружија познатиот возач на Формула 1 и неколку пријатели, само неколку часа по ручекот во ресторан во градот. Наводната девојка на Луис, Џулијана Налу, не била со нив.

Пејачката неодамна беше на Ф1 трката во Барселона, каде што се натпреваруваше и Луис, а по сите овие заеднички настани, се погласни се приказните за нивната наводна врска.

Слични содржини