Открија таен комуникациски центар на “Исламска држава” во Мосул

од Vladimir Zorba

Елитен одред за борба против тероризмот на ирачките сили успеал да открие таен комуникациски центар на “Исламска држава”. Објектот се наоѓа во источниот дел на градот Мосул, соопштија агенциите. Ирачки антитерористички одред, познат како “Златната дивизија” наишол на градба, користена од членовите на “Исламска држава” како команден центар за врска помеѓу поединечните терористички единици. Објектот се наоѓа во источниот дел на градот Мосул, во квартот ал-Нур. Според командантот на единицата за специјални задачи, генерал Маан ал-Саади, местото било користено од џихадисти за складирање и поправка на комуникациска опрема. “Ова место претставува магацин и работилница за поправка на комуникациски уреди. Во него откривме антени, кабли и сврзувачка техника. Сето тоа припаѓа на Исламската држава.”

Војниците од одредот за борба со тероризмот се дел од 100-илјадната коалициска армија, која дејствува во Ирак. На 17 октомври таа започна кампања за освојување на градот Мосул од “Исламска држава”. Во редовите на оваа армија се вклучени војници од Ирак, курдски и шиитски милитанти, потпомогната е од меѓународната коалиција, на чело со САД. Офанзивата по заземањето на Мосул е сериозно забавена поради интензивниот оган од страна на исламистите. Членовите на терористичката организација користат мрежа од подземни тунели низ кои успеваат да се движат до различни делови на Мосул. Ирачката армија не користи тешко оружје и авионски напади во станбените зони на Мосул, каде што се уште живеат повеќе од 1 милион цивили.

Слични содржини