Отседнете во собата која била љубовно гнездо на Папата

од desk2
129 прегледи

Ако им се верува на гласините кои со векови се шират, папата Иносентиј X и не бил некој толку невин, ккао што сугерира неговото име.

Главата на Католичката црква во средината на 1600-тите години чувал прилично необјаснива тајна во своите одаи во римската црква Сент Агнеса. Неезиното име било Олимпија Мајдалкини.

Мајдалкини била вдовица на постариот брат на папата, и иако скришно се воведувала во тајните простории во црквата, неговиот подарок титула за неа, принцеза од Сан Мартин, доволно зборува за нивната тајна афера. Освен тоа, нејзиното неверојатно влијание на папата во врска со политиката и останати важни прашања, јасно инсинуираат дека биле во љубовна врска.

Односот меѓу Мајдалкини и Иносентио, пред и во текот на неговото владеење, претставува главна тема во “Mistress of the Vatican” (Љубовницата на Ватикан) која ја објави Еленор Херман, 2008 година.

Но, кој би го обвинувал Иносентио (Innocent на англиски значи невин)? Неговиот барокен стан било вистинско љубовно гнездо. Високите тавани од 8 метри, балкон со поглед на плоштадот Навона, богато обработениот мермер и фрески – било вистинска штета ова скривалиште да остане скриено.

Денес, 300 години подоцна, поранешното папино љубовно гнездо е откриено и е најекстравагантно место за преноќипте во Рим.

Holy Deer San Lorenzo City Lodge ви нуди можност по цена од 11.560 долари за ноќ, да преспиете во некогашното скривалиште на славните љубовници. Папата сигурно би бил одушевен од фреските на Франческо Алегри и црвените мермерни врати на Верона, кои се обновени од страна на локални уметници.

Малку познати би му биле рачно изработените лустери од стакло Мурано, кашмирски текстил и современиот мебел од кожа, плиш и свила. Без разлика на новите модерни детали, автентичноста е сочувана во врамените бас-рељефи кои прикажуваат библиски сцени.

На апартманот му е додадена и модерна кујна од зелен мермер, када за топли купки обложена со повеќе од 300.000 рачно изработени плочки, како и библиотека. Тука е и музичката соба и ретка колекција на вина.

Отседнувањето во оваа соба во срцето на Рим е навистина привилегија, чекор назад низ богатата историја на Рим и светите тајни, пишува “LuxLife”.