Ова е човекот кој е решен да му ја „одземе фотелјата“ на Ердоган – почнува тешка кампања во Турција

од Stefanija Kuzmanovska

Конзервативната исламска Партија на правдата и развојот (АКП) на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган официјално ја започнува својата изборна кампања пред претседателските и парламентарните избори кои ќе се одржат истовремено на 14 мај. Опозициските партии веќе ја започнаа својата кампања за изборите, кои се одржуваат во сенка на разорната серија земјотреси кои го погодија јужниот дел на земјата од 6 февруари.

По 20 години на врвот на турската политика, прво како премиер, а потоа како претседател, Ердоган (69) се соочува со тешка кампања. Покрај обвинувањата кои му пристигнуваат во врска со лошото менаџирање со кризата по земјотресот, земјата бележи и годишна инфлација од околу 50 проценти.

Најсилниот противкандидат – Киличдароглу

Помеѓу тројцата претенденти за претседателската функција, шефот на левичарската Републиканска народна партија (ЦХП), Кемал Киличдароглу (74), се смета дека има најдобри изгледи во однос на Ердоган. Киличдароглу предводи сојуз од шест партии.

Прокурдската Демократска партија на народите (ХДП), која има поддршка од околу 10 отсто од електоратот, не го номинираше својот кандидат. Ова се смета за индиректна поддршка за Киличдароглу.

Доколку ниту еден кандидат не освои повеќе од 50 отсто од гласовите во првиот круг од претседателските избори, вториот круг ќе се одржи две недели подоцна, на 28 мај.

Право на глас во Турција имаат околу 60,9 милиони луѓе, а во странство уште 3,3 милиони. Бројната турска дијаспора ќе може да гласа од 27 април.

Слични содржини