Ова е оружјето со кое Коста К.(14) денеска уби десет лица, од кои осум деца

од Stefanija Kuzmanovska

Оружјето со кое Коста К.(14) денеска уби осум ученици и двајца вработени во ОУ „Владислав Рибникар“ во Белград е полуавтоматски пиштол „ЦЗ Шедоу 2 блек“ калибар 9 мм, дознава „Информер“.

Станува збор за модерно и прецизно оружје произведено од „Чешка збројовка“ со капацитет од 17 куршуми во рамката плус еден во цевката.

Цената на овој пиштол е околу 150.000 динари.

Според неофицијални информации, Коста К. пиштолот го зел од татко му. На училиште однел четири кутии со муниција.

Се поставува прашањето кој го обучувал малолетникот да ракува со ова оружје.

Покрај пиштолот, во училиштето Коста К. донел и ранец со три молотови коктели. За среќа не успеал да ги употреби.

Тинејџерот веќе има адвокат

Родителите на момчето кое уби осум соученици и училишниот чувар, штом дознале што се случило, наводно ангажирале бранител.

Ќерката на Боривоје Боровиќ, Ирина Боровиќ ќе биде адвокатка на масовниот убиец, малолетниот К.К. кој утрово околу 8 часот со пиштолот на татко му уби најмалку осум деца, чувар, а тешко рани наставник по историја, пишува „Информер“.

Слични содржини