Д-р Сергеј Пантиќ, помошник директор на белградската служба за итни случаи, предупреди на опасностите што ги демнат сите луѓе кои страдаат од низок крвен притисок.
Во никој случај не треба да го правите ова веднаш по будењето
Д-р Пантиќ истакна дека луѓето кои страдаат од низок крвен притисок најчесто се јавуваат во Ургентниот центар, а тој исто така изјави што треба да направат за да ги избегнат проблемите.
– Луѓето стануваат и не појадуваат, па прво кафе, а кој не појадува па покрај тоа и му падне шеќерот, па пие кафе кое малку ве буди, но не го покачува притисокот, плус тоа е диуретик па уште повеќе го симнува притисокот – објаснува д-р Сергеј, додавајќи дека можете да пиете кафе, но прво и основно појадок!
– Сè може, но обавезно појадок. Нема скокање од кревет наутро, туку седнете минута-две, одморете се, размислете што и како ќе правите, а потоа станете – истакнува д-р Пантиќ.