Оваа европска земја ги забрани одморите во странство до крајот на март

од Берта Китинска

Белгија ќе им забрани на граѓаните да ги поминуваат своите одмори во странство до март за да се спречи ширењето на повеќе преносливиот вид на коронавирус и да се избегне трет бран пандемии.

Премиерот Александар Де Кру пред новинарите изјави дека владата ќе забрани патување внатре или надвор од Белгија за рекреација или туризам од 27 јануари до 1 март.

Повеќе заразни варијанти на вирусот

Белгија сака да ја избегне ситуацијата од минатата зима кога Белгијците отидоа на скијање на Алпите и со себе го вратија вирусот или периодот на Божиќ и новогодишните празници кога околу 160.000 луѓе ги игнорираа советите на државата и патуваа во тој период.

– Кога луѓето патуваат, вирусот патува со нив, а од примероците и тестовите видовме дека луѓето што патуваат донеле повеќе различни варијанти на вирусот отколку оние кои не патувале – рече Де Кро.

Граѓаните сè уште можат да ги преминат границите за специјални патувања, за работа или лекување.

Премиерот рече дека Белгија има најниска стапка на инфекција во Европа, но опасноста не помина и мора да се прилагодат мерките за да се избегне третиот бран.

Белгија, исто така, ќе ги заостри регулативите во врска со пристигнувањето на граѓаните на Велика Британија, Јужна Африка или Јужна Америка, каде што се пронајдени повеќе заразни варијанти на вирусот, со задолжителен карантин во траење од десет дена.

Слични содржини