Овесна каша со јагоди

од Stefanija Kuzmanovska

Каша која брзо се подготвува и ќе ве засити.

Состојки:

– 2 чаши овесни снегулки

– 1 чаша млеко

– 1 чаша вода

– 2 чаши јагоди

– 1/2 лажица чиа семе

– 2 лажици сечкани бадеми

Подготовка:

Во тенџере ставете ги сите состојки, освен бадемите и варете.

Кога ќе почне да се згуснува, тргнете го од шпорет.

Истурете во сад, посипете со сечканите бадеми и почекајте малку да се излади.

Слични содржини