Иако поголемиот број на луѓето сметаат дека можат без проблем да го контролираат своето расположение и однесување, во реалноста тоа не е така. Личностите родени во овие хороскопски знаци имаат многу реални ставови и не очекуваат ништо од другите. Тие својот мир го наоѓаат во медитацијата, а по природа се исклучително смирени.
Јарец
Јарците имаат многу особини кои ги држат цврсто на земја, а некои од најистакнатите се одговорност, мудрост и практичнот. Тие не ги осудуваат другите, туку се секогаш подготвени да дадат корисен совет. Иако и тие имаат своја дива страна, Јарците ретко кога ја искажуваат. Тие се многу силни и заштитнички настроени, што ги прави одлични животни сопатници. Со тоа тие се и амбициозни, но истовремено и многу благодарни за се што имаат.
Девици
Девиците секогаш добро размислуваат пред да прозборат бидејќи знаат дека зборовите можат да бидат остро оружје. Со Девиците многу лесно можете да разговарате бидејќи секогаш се присутни во разговорот и знаат добро да слушаат. Личностите родени во овој знак, многу паметно располагаат со се што имаат, од информација до имот и ништо не земаат здраво за готово.
Бик
Личностите родени во знакот Бик многу ретко може да ги извадете од колосек/ Тие многу време поминуваат сами бидејќи така ги полнат батериите и се посветуваат на својот ум и разум. Биковите не обрнуваат внимание на гласините и озборувањата, туку преферираат да создадат мислење врз сопствено искуство. Исто како и Девиците, Биковите знаат одлично да ги слушаат другите, но и своите инстинкти дури и кога другите ги уверуваат во спротивното.