Паднал од височина од 500 метри: Загина планинар на Алпите

од Stefanija Kuzmanovska

Германски планинар загина откако падна од височина од околу 500 метри на Алпите во јужна Швајцарија, соопшти полицијата.

Во денешното соопштение на полицијата во кантонот Вале, се наведува дека несреќата се случила за време на викендот во близина на одморалиштето Зермат.

Полицијата вчера добила дојава дека исчезнал дваесет и шестгодишен маж, кој живеел во Германија, а спасувачите со хеликоптер го пронашле неговото тело на глечерот.

Во соопштението се истакнува дека во неделата наутро, на 2 април, човекот тргнал сам да се искачи на врвот Стралхорн.

Несреќата се случила на Адлерпас, планински премин под врвот на околу 3.900 метри надморска височина.

Од засега непознати причини, младиот човек паднал од висина од околу 500 метри по карпа на едната страна од превојот, јавува АП.

Слични содржини