Паѓа бројот на заболени во Чаир, Аеродром и Гази Баба се уште со над 150 активни случаи

од Берта Китинска

Деновиве скопската општина Чаир бележи пад на бројот на активни носителие на Ковид 19.Во оваа општина вчера имаше 300 позитивни лица.

Оваа населба имаше најголем раст на новозаразените во изминативе месеци при што во еден период бројката на заболените стигна до 454 лица.

Во последниов период најмногу нови случаи се бележат во Скопје, каде има 1838 активни случаи, според статистиката на министерството за здравство вчера најмногу активни случаи се забележани во Чаир – 300, Аеродром – 159, Бутел – 131, Гази Баба – 189, Центар – 138, Карпош – 140, Сарај – 120, Кисела Вода – 108, Ѓорче Петров – 105, Студеничани – 110, Шуто Оризари – 79, Арачиново – 43, Илинден – 23, Петровец – 18, Чучер Сандево – 11, Сопиште – 9, Зелениково- 14, пет странци и 128 случаи се нераспределени.

Слични содржини