Пахор: Ја изгубив вербата во разумот на Путин, не исклучувам нуклеарен судир

од Nikola Popovski

Словенечкиот претседател Борут Пахор изјави дека е за продолжување на испораката на оружје во Украина и укажа на непредвидливоста на рускиот претседател Владимир Путин.

Во интервју за германски Шпигел, тој предупреди на потценување на руската армија и укажа на ризикот од ширење на конфликтот во Молдавија, Грузија и Западен Балкан, пренесува СТА. Словенечкиот претседател за германскиот весник изјави дека „за жал, повеќе не може да исклучи нуклеарен судир“, бидејќи ја изгубил довербата во судот на рускиот претседател.

„Изгубив секаква верба во разумот на Путин“, рече Пахор.

Иако, според него, нуклеарниот судир не би имал никаква смисла, Пахор тврди дека Путин исто така не бил одвратен од залудноста на војната во Украина, наведува словенечката агенција. Пахор нагласи дека не се согласува со сегашното ембарго на руските енергетски извори, но се залага за постепено намалување на зависноста од руските енергетски извори, иако, како што вели, таквиот чекор некому му изгледа кукавички.

Тој се осврна и на критиките од Источна Европа, каде официјален Берлин е обвинет за одолговлекување со воведувањето санкции кон Русија и посочи дека Германија ќе претрпи значителна економска штета доколку се воведе ембарго на руските фосилни горива, што ја објаснува нивната загриженост.

Слични содржини