Палачинки со вкус на кокос

од Stefanija Kuzmanovska

Состојки:

– 3 јајца

– 50 гр растопен путер

– 200 гр брашно

– 50 гр кокосово брашно

– 2 големи лажици шеќер

– прстофат сол

– 350 мл млеко

– 1 дл минерална вода

За фил и декорација:

– бел млечен или чоколаден крем

– стопено бело чоколадо

-кокосово брашно

Подготовка:

Измешајте ги брашното и кокосовото брашно. Во посебен сад изматете ги јајцата, шеќерот и солта додека не добиете пенеста смеса.

Додадете го растопениот путер и измешајте. Додадете половина од течните состојки (млеко и вода), измешајте и додадете половина од мешавината со брашно.

Полека мешајте додека не ги разбиете грутките. Потоа додадете ја другата половина од течните и сувите состојки.

Оставете ја смесата во фрижидер измеѓу половина час до еден час да отстои. После тоа на класичен начин испечете ги палачинките.

Полнењето на готови палачинки е многу едноставно. Најпрво намачкајте го кремот врз палачинката и посипете ја со малку кокосово брашно, а потоа завиткајте ја или превиткајте ја во триаголник.

Наполнетата палачинка прелијте ја со стопено бело чоколадо, дополнително посипете со малку кокосово брашно и декорирајте со додатоци по избор, темно чоколадо или овошје.

Слични содржини