Пандов: Од прва рака имам информација дека Груевски не комуницирал со Арсовска

од Nikola Popovski

Членот на ВМРО-ДПМНЕ и претседател на патриотскиот институт дел од партијата, Александар Пандов демантира дека поранешниот премиер и азилант Никола Груевски имал комуникација со градоначалничката на град Скопје, Данела Арсовска.

-Одговорно тврдам дека господинот Груевски немал претходно некаква комуникација со Данела, ниту сега дека имал. Ова одговорно го тврдам, од прва рака ми се изворите, рече Пандов во емисијата „Само вистина“.

На прашањето на водителот на емисијата, дали од Груевски му се изворите, Пандов изјави: „Од кого ми е, ми е, ама ете сум кажал како сум кажал. Нема таму комуникација, ниту претходно имало. За власта секогаш е интересен Груевски“.

Тој додаде дека „изборот на Арсовска како кандидатка за градоначалник покажало дека по анкетите во ВМРО-ДПМНР се барало независен кандидат и по можност да биде жена“.

-Се покажа Арсовска дека не е тоа. Не прави ништо градоначалничката и не реализира, потенцира Пандов.

Слични содржини