Паника во кралството: Протекоа трачеви дека Елизабета починала

Неодамна на социјалните мрежи се проширија гласини дека кралицата Елизабета Втора починала. Корисник на Твитер овјавил пораки од група на WhatsApp, пишува Мирор.

– Кралицата почина утринава. Имала срцев удар – пишувало во пораките кои биле напишани од непознат праќач.

Инофмацијата наводно ја добил од обезбедување на семејството, а се зборувало и како ќе се објави нејзината смрт.

Кралското семејство не се огласи за озборувањата, додека пак експертите на кралското семејство рекле дека кралицата Елизабета е во добра состојба и дека се радува на претстојните обврски.

Меѓутоа, многумина ги виделе објавите на социјалните мрежи и започнале да ги шират. Со тоа, започнале да се шират и многу шеги на нејзина сметка.

Кралицата Елизабета последен пат во јавност била видена минатата недела, кога службено го отворила „The Royal Philatelic Society“ во Лондон, а потоа јавно зборуваше за терористичкиот напад на Лондонскиот мост. Денеска би требало да учествува на самитот на НАТО.

Слични содржини