Панов: Генетскиот код на Македонците е поврзан со Гоце Делчев

од Nikola Popovski

Историчарот Митко Панов вели дека е тешко да се дефинира Гоце Делчев.

-Тој е вечно неоткриениот за Македонците. Блаже Конески за него рекол дека „тој извира низ интимната ткаеност на македонскиот човек“. Кога ќе ги споредиме неговите поеми, ќе го видиме историскиот континуитет. Како што вели Конески, Делчев е македонскиот син, син на сите, кој што станува легенда. Народот го опевал во песните. Тоа е генерациски завет за сите идни поколенија, рече Панов во Дневникот на ТВ Сител по повод 119 години од смртта на најголемиот македонски револуционер.

Историчарот појаснува дека генетскиот код е поврзан со Гоце Делчев.

-Ако го остраниме, нема да постоиме повеќе. До таму е дојдена работата. Мораме како научници и историчари од Македонија да им испратиме пораки на нашите колеги од Бугарија да излезат од тие окови и граници од Санстефанска Бугарија. Гоце Делчев припаѓа на македонскиот народ и поврзан е со нашиот генетски код, вели Панов.

Слични содржини