Папата Франциск: Климатските промени ќе ја претворат Земјата во депонија

од desk2
144 прегледи

 

Поглаварот на Римокатоличката црква Франциск ги повика владите да се посветат на борбата против глобалното загадување, наведувајќи дека климатските промени, постојаниот неодржлив развој и неконтролираната потрошувачка и се закануваат на Земјата да ја претворат во пустина и депонија.

Папата Фтанциск упати повик за зачувување на планетата на конференција во Ватикан со која се одбележува третата годшнина од ватиканскиот документ со кој се поддржува Париската спогодба заклимата од 2015 година.

Тој ги повика владите да ги почитуваат обврските од Париската спогодба, наведувајќи дека институциите одговорни како Меѓународниот монетарен фонд и Светската банка играат важна улога во охрабрувањето на реформите и промоцијата на одржливиот развој.

„Постои реална опасност на идните генерации да им оставиме само ѓубре, пустина и отпадоци“, рече папата Франциск.

Денешната конференција е последна во низата иницијативи на Ватикан за будење на свеста за климатски промени и влијание кои тие го имаат на најсиромашните и најмаргинализираните слоеви на општеството.