Ѓаволот е жив и здрав и работи извонредно за да ја поткопа Римокатоличката црква . Ова го порача  папата Френсис, цитиран од Ројтерс.

Всушност папата е толку убеден дека сатаната е виновен за кризата со сексуалните напади и за длабоката поделеност  и потресите во  Католичката црква да замоли католиците низ целиот свет да упатуваат  посебна молитва секој ден во октомври, за да се обидат да го одбијат.

  ” Црквата треба да биде спасена од нападите на Ѓаволот , великиот обвинител, а во исто време да биде постојано осознаена за вината, грешките и злоупотребите извршени во сегашноста и во минатото”, истакна Францис во порака на 29 септември.

Откако беше избран во 2013 година, папата Френсис јасно стави до знаење дека верувал дека ѓаволот е вистински . Во априлскиот енциклик посветен на светоста во современиот свет, папата го спомнал ѓаволот повеќе од десет пати.

” Не треба да мислиме за ѓаволот  е како мит, слика, симбол, фигура на говорот или идеја . Оваа грешка ќе нè доведе до соборување на гардот , ќе станеме безгрижни и на крајот ќе бидеме ранливи”, пишува тој во енцикликата .

Католичката црква во последниве години беше погодена од бројни сексуални скандали – од Германија, во САД, до Чиле. Во летото архиепископ Карло Марија Вигано остро го критикуваше Францис од конзервативни позиции, дека тој  знаел за сексуалните напади на поранешен американски кардинал спрема семинаристите, но не сторил ништо .