Папата испрати АЛАРМАНТНА порака: На пат сме кон самоуништување!

од Stefanija Kuzmanovska

Папата Франциск денес предупреди дека светот е „на пат кон самоуништување“ доколку политичките лидери не успеат смело да ја искористат пандемијата „Ковид-19“ како шанса да ја направат планетата поправедна и позелена.

Во видео порака објавена на Светскиот ден на планетата Земја, папата рече дека политичките лидери имаат можност подобро да излезат од оваа ситуација по научените лекции за социјалните неправди откриени за време на пандемијата, пренесува АП.

„И глобалните катастрофи, Ковид и климата, покажуваат дека немаме време за губење. Времето нè притиска и, како што покажа Ковид-19, имаме средства да одговориме на предизвикот. Имаме средства. Време е за делување, ние сме на граница“, рече папата.

Тој додаде дека неволјите со кои се соочило човештвото во пандемијата треба да ги охрабрат водачите да се стремат кон иновации и пронајдоци со цел подобро да ја заштитат планетата.

Апелираше до „сите водачи на светот: да постапуваат смело, да постапуваат чесно и секогаш да им ја кажуваат вистината на луѓето, за луѓето да знаат како да се заштитат од уништување на планетата и како да ја заштитат планетата од уништување, што го инициравме многу пати.“

Слични содржини