Парична помош од 20.000 денари за семејствата со лице со попреченост од општина Валандово

од Берта Китинска

Воведуваме нова еднократна парична помош во висина од 20.000 денари, за семејствата со лице со попреченост од општина Валандово. Мерката ќе започне со реализација во тековната 2022 година и право на користење на истата ќе имаат сите семејства во кои има лице со попреченост.

Покрај ова мерка, општина Валандово на чело со министерот Перо Костадинов, претходниот период воведе и еднократна парична помош за: првачиња; социјално загрозени граѓани и новороденчиња.
Додека пак за наредниот период, планирана е и мерка која ќе ги подджи самохраните родители од општината.
Развојот на заедницата може да се обезбеди единствено преку целосна инклузија, силна емпатија и безусловна солидарност, како основни човекови вредности, порачуваат од општината.

Слични содржини