Патничка која одбила да носи маска во авион, уапсена и осудена

од Stefanija Kuzmanovska

Авион, кој летал од Малта кон Италија, морал да се врати кратко по полетувањето, бидејќи една патничка одбила да носи заштитна маска.

Судот соопшти дека 24-годишна Италијанка, жителка на Бугарија, влегла во расправија со екипажот на лет кој трае 20 минути, одбивајќи да стави маска, иако била предупредена дека тоа претставува здравствен ризик за сите во авионот.

Авионот на летот кон италијанската провинција Катанија се вратил на Малта, а жената веднаш била уапсена и однесена на суд.

Таа признала дека одбила да ги следи упатствата на членовите на екипажот.

Беше осудена на шест месеци затвор, условнао на две години.

Слични содржини