Патник од Германија се проверува дали е позитивен на коронавирус

од Aleksandar Todeski

Патник од Германија се проверува дали е позитивен на коронавирус, бидејќи покажал симптоми на вирус.

Фото: Борче Поповски

„Државјанин од Гермнија е стигнат на скопскиот аеродром, од него е земен матеирјал за испитување, а изолирани се и оние кои седеле до и околу него“, рече министерот за здравство, Венко Филипче.

Додека трае неговата проверка и додека не се утврди дали е позитивен на коронавирусот, патниците кои седеле до и околу него ќе останат во изолациониот дел на аеродромот.

Согласно новите препораки на владата, во случај на појава од патници на граничните премини на Република Северна Македонија од земјите со висок и среден ризик согласно Листата на Светската здравствена организација, истите задолжително треба да спроведат самоизолација.

Министерот кажа дека целосно се почитуваат мерките за лица од земјите од висок ризик, а кои влегуваат во државата.

Слични содржини