Пекинг го поддржа Минск: Белорускиот народ ќе може да ја одржи политичката стабилност

од Stefanija Kuzmanovska
378 прегледи

Кина се противи на мешањето на надворешните сили во внатрешните работи на Белорусија, изјави портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Жао Лиџијан.

„Кинеската страна постојано се спротивставува на примената или заканата од еднострани санкции во меѓународните односи. Ние се спротивставуваме на мешањето на надворешните сили во внатрешните работи на Белорусија. Ние го почитуваме патот на развој што таа земја го избра“, истакна портпаролот.

Во исто време, тој рече дека официјален Пекинг е убеден дека белорускиот народ ќе може да ја одржи политичката стабилност преку сопствените напори.

„Се надеваме дека меѓународната заедница ќе игра активна улога во тоа“, додаде портпаролот.

Да потсетиме, Европската унија го одобри претходното проширување на списокот со санкции против Белорусија во врска со инцидентот со присилното слетување на авионот во Минск, додавајќи 86 лица, односно 78 лица и осум организации. Ќе им биде забранет влез на територијата на ЕУ, а нивните финансиски средства во земјите на ЕУ ќе бидат замрзнати. Во исто време, министерот за надворешни работи на ЕУ, Жосеп Борел, не ја исклучи подготовката на друг пакет санкции.

Покрај тоа, службата за надворешна политика на ЕУ издаде изјава според која САД, Канада и Велика Британија воведоа синхронизирани санкции со санкциите на ЕУ против Белорусија.

Досега 166 физички и 15 правни лица се најдоа на „црната листа“ на ЕУ.

Слични содржини