Пекинг одговори на критиките во врска со украинскиот план

од Radmila Tasevska
190 прегледи

Портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Ванг Венбин, одговори на критиките за кинескиот план за решавање на украинската криза, велејќи дека оние кои го критикуваат планот се обидуваат да ја „извалкаат Кина“.

Со тие зборови тој одговори на критиките дека „нема ништо ново“ во предлозите што Кина ги претстави во 12 точки.

„Верувам дека оние кои шират такви неосновани мислења само се обидуваат да ја оцрнат Кина“, истакна кинескиот дипломат.

Претходно, Кина објави документ од 12 точки во кој детално е опишан нејзиниот став за решавање на конфликтот во Украина, а најважна точка е итен прекин на непријателствата и преминување кон мировни преговори.

Во документот со наслов „Кинеската позиција за политичкото решение на украинската криза“, кинеското одделение за надворешна политика наведува дека Кина ќе продолжи да игра конструктивна улога во продолжувањето на мировните преговори.

Слични содржини