Пендаровски денеска ќе се обрати пред пратениците во Собранието

од Берта Китинска

Претседателот Стево Пендаровски денеска ќе се обрати пред пратениците во Собранието.

Шефот на државата, како што е вообичаено, ќе говори за актуелните случувања изминатиот период и за очекувањата во следната година. А оваа година тој на пратениците ќе им се обрати во момент кога е во тек формирање нова влада, додека опозицијата бара предвремени избори, а земјава повторно не доби зелено светло за почеток на преговори со ЕУ поради бугарското вето, со ветување на новата Влада во Софија на Кирил Петков дека процесот ќе стане попрагматичен, но и споменување на рок од шест месеци за да се се реши.

Обраќањето на шефот на државата, според агендата, објавена на собранискиот-сајт е најавено за 12 часот.

Слични содржини