Пендаровски: ЕУ нема голем фокус кон Балканот што ја отвори вратата за руското влијание

од Nikola Popovski

„Морам да признаам и да кажам дека сум разочаран од некои високи функционери не само на ЕУ, туку и на одделни земји. Не би сакал да ги именувам земјите, не ми прилега како претседател на државата, но очекувавме многу повеќе од најсилните земји од ЕУ во оваа насока дека всушност не можат да ја убедат Бугарија да не пуштат без тие несоодветни услови. Никој во Македонија не може да верува во тоа“, изјавил претседателот Стево Пендаровски во интервју за хрватски „РТЛ“, говорејќи за евроинтеграциите на Македонија.

Според него, чудно е тоа што САД, кои не се членка на ЕУ, „беа многу поактивни во целиот овој период во однос на Бугарија и во однос на Брисел“.

„Знаете, јас секогаш велам, колку помалку ЕУ на Балканот, толку повеќе Русија. Ако оставите вакуум во стратешка смисла, тогаш другите ќе го пополнат. Јас тврдам дека има многу причини за тоа што целиот Западен Балкан не напредува кон Унијата. Сепак и нашата домашна задача не беше завршена навреме или со соодветен квалитет, тоа е сигурно. Исто така кон ова се придодава и не толку големиот фокус на ЕУ кон регионот. И тоа ја отвори широко вратата за руското влијание во регионот“, рекол меѓу другото, претседателот во интервјуто.

Слични содржини