Пендаровски го свика Советот за безбедност-ќе се воведе ли полициски час?

од Берта Китинска

Денеска е закажан Советот за безбедност во Вила Водно.

На покана на претседателот Стево Пендаровски, на седницата, ќе присуствува министерот за здравство, Венко Филипче.

Ќе се разговара за актуелната ситуација со пандемијата на ковид-19 во земјава. Седницата на Совет за безбедност ја најави и премиерот Заев, кој кажа дека се прават анализи за следните чекори во справување со ковид-19, а се размислува и за рестрикции.

„Се размислува и за некоја форма на карантин или други рестриктивни мерки. Ги правиме анализите и ќе стигнеме до следните чекори. Мнозинството во комисијата е на ставот дека полициски од 21:00 часот нема да даде некои резултати, додека ако биде од 17:00 или од 18:00 ќе има подобри резултати и сето тоа сега се одмерува и овие денови ќе биде одржан состанок на Советот за безбедност кај претседателот Пендаровски и можно е таму да се дефинира некоја од мерките“, рече премиерот Зоран Заев.

Јавниот здравствен систем ги има сите капацитети и сé е ставено на располагање за справување со КОВИД-19. Во вонредна состојба државата има можност времено да национализира и сите капацитети да бидат ставени на располагање еднакво за сите граѓани, но јавниот здравствен систем е опремен и има стручни кадри за справување со оваа ситуација.

Слични содржини