Пендаровски на средба со претставници на ИВАП: Да се пронајдат опции за надминување на предизвиците во оваа дејност

Претставници на Асоцијацијата на ивент-индустрија – ИВАП, во која членуваат 39 компании вклучени во организација на настани, изнајмување опрема за настани, видео-аудио продукција и техничка поддршка на настани, денес беа присутни во кабинетот на претседателот, Стево Пендаровски.

Претставниците на ИВАП ги претставија предизвиците со кои се соочуваат во нината работа, како и падот на приходите по почетокот на Пандемијата од Ковид 19.

Од кабинетот на Пендаровски посочуваат дека претставнците на Асоцијата посочиле на проблемот со административните пречки, со кои како дејност имаат препрека во остварувањето на своите права, како и користење на мерките кои се понудени од Владата.

„Претседателот Пендаровски ги поддржа напорите на Асоцијацијата ИВАП за пронаоѓање на опции за надминување на предизвиците низ кои поминуваат компаниите што се занимаваат со оваа дејност и изрази очекување институциите соодветно да одговорат на нивните барања, се со цел ублажување на негативните последици во нивната работа поради пандемијата од Ковид-19“, информираат од Кабинетот на Пендаровски по средбата.

Слични содржини