Пендаровски од Генералното собрание на ОН: Подготвени сме за конструктивен дијалог со Бугарија

од Nikola Popovski

Важно е младите да учат од нашите неуспеси, често пати предизвикани од добри намери. Старата вистина дека ја позајмуваме оваа земја од нашите деца, значи практично да отвориме простор за нивниот придонес, нивната слобода и креативност. Универзалното образование е достапно за сите, вака го започна својот говор македонските претседател, Стево Пендаровски, обраќајки се на 76-тото Генералното собрание на Обединетите Нации.

Тој меѓу другото, изјави дека Западниот Балкан е соочен со сериозни предизвини во поглед на европските интеграции.

-Актуелниот ќор-сокак во тој процес ги фрустрира граѓаните и го намалува ентузијазмот за политички промени. Ако сакаме стабиле и просперитетен Западен Балкан мораме да разбереме дека е потребен пробив на планот на неговите европски интеграции. Северна Македонија ја докажа способноста заедно со Грција да решава сложени прашања. Ефектите од Преспанскиот договор ќе бидат од корист и за нас и за земјите од регионот цо целина. Сметам дека сме подготвени за конструктивен дијалог со Бугарија, за да обезбедиме целосна имплементација на Договорот за добрососедство од 2017 година, кажа меѓу другото Пендаровски во своето обраќање.

Во рамки на учеството на Генералното собрание на ОН, предвидено е претседателот Пендаровски да има средба со генералниот секретар на Светската организација  Антонио Гутереш, како и билатерални средби со шефови на држави и влади, учесници на Генералното собрание.

Слични содржини