Пендаровски пречекан со највисоки државни почести во Атина

од Nikola Popovski

Претседателот на Северна Македонија, Стево Пендаровски веќе пристигна во Атина, каде ќе претстојува во дводневна официјална посета на земјата. Ова се смета за историска посета, затоа што за прв пат еден наш претседател ќе ги оди во посета на грчките власти.

Пендаровски беше пречекан со највисоки државнички почести. Тој денес беше во присуство на грчката претседателка Катерина Сакеларопулу, по што ќе се одржат тет-а-тет средба со неа и пленарен состанок на делегациите на двете држави.

Пендаровски ќе оствари средба и со премиерот на Хеленската Република, Киријакос Мицотакис, а ќе се сретне и со градоначалникот на Атина, Костас Бакојанис.

Во рамки на посетата, претседателот ќе положи венец пред Споменикот на незнајниот војник на платото пред Парламентот на Хеленската Република, ќе го посети музејот Бенаки, каде што е предвидено разгледување на архивата на Константинос Доксијадис и ќе оствари средба со амбасадорот на Соединетите Американски Држави во Хеленската Република, Џефри Пјат.

Слични содржини