Предмалку ја потпишав одлуката за прогласување на вонредна состојба на територијата на целата држава, рече претседателот Стево Пендаровски во вонредното обраќање.
Тој посочи дека поради неможноста на Собранието да се состане, претседателот на Собранието Талат Џафери, предлогот на владата го испратил во претседателскиот кабинет.
„Одлуката ја донесов заради заштита и справување од вирусот Ковид-19. Вонредната состојба ќе трае 30 дена и оној момент ќога ќе биде возможно да се состане Собранието, ќе ја доставам на нивно одлучување. Очекувам владата во текот на овие 30 дена да ми донесе извештај за ефектите и дали има потреба од нови 30 денови. Фактот што за првпат од нашата независност прогласуваме вонредна состојба, укажува каква е ситуацијата и колку е голем ризикот. Од денес, извшрната власт има зголемени надлежности и ќе може да ги користи сите ресурси на државата, и државни и приватни, за поуспешно да се справиме со епидемијата“, рече Пендаровски.