Пендаровски: Проценка на СЗО е дека земјава најдобро се справува со коронавирусот во регионот

од Aleksandar Todeski

Претседателот Стево Пендаровски се консултирал со директорот на СЗО во врска со тоа како се справува земјва со коронавирусот, а добил потврда дека со препораките, ние се справуваме најдобро во регионот.

„Нивна проценка е дека С. Македонија се справува најдобро во препораките од СЗО. Тоа не значи дека работата е завршена, туку дека до овој момент со мерките на МЗ и другите надлежни институции, само е спречено ширењето на епидемијата, што за жал се случува во многу побогати и поорганизирани држави од нашата“, рече Пендаровски.

Тој посочи дека благодарение на мерките кои се во сила, особено по вчерашните мерки, остануваме со само девет случаи со коронавирус.

„Побарав официјална информација, простор за загиженост нема, и во делот на животните продукти и во делот на енергентите имаме доволно залихи и ако се усложнува ситуацијата, надлежните си ја вршат својата работа. Сакам да апелирам, сите овие мерки кои се предлагаат ќе бидат без ефект ако не дојдат до граѓаните. Мојот кабинет ги редуцираше на минимум моите активности, па додека се мерките на сила, мојот проект лице во лице и проектот отворен ден се прекинати“, истакна претседателот.

Тој посочи дека се детектирани повеќе извори за организирано и планско ширење на лажни вести со цел да се изгуби довербата во институциите.

Слични содржини