Пендаровски: ВМРО-ДПМНЕ нема меѓународни пријатели, ниту поддршка од граѓаните за нивните авантури во меѓународна политика

од Vladimir Zorba

На граѓанската трибина во Охрид, претседателот Стево Пендаровски запрашан за тоа дали може ВМРО-ДПМНЕ да постигне подобар договор со Бугарија, рече дека не е можно тие да имаат магична формула, која никој друг во политиката не ја знае.

„Прво, немаат меѓународни пријатели, освен еден, да не го кажувам. Меѓутоа, тој не е демократ и нема да им помогне да влезат во ЕУ. Немаат поддршка од граѓаните, бидејќи не знаат граѓаните за што станува збор. Без ветер во грб од граѓаните и јаки меѓународни пријатели, не можеш ни еден договор да репреговараш и да го нарпавиш подобар“ рече Пендаровски.

Претседателот додаде дека исто така е смешно кога опозицијата најавува репреговарање на преговарачката рамка со ЕУ, бидејќи за да има нова рамка, таа мора да биде прифатена од сите 27 земји членки на ЕУ, вклучувајќи ја и Бугарија.

„Кој да верува во тоа? Тоа нека кажуваат на деца и внуци пред спиење, мене со тие бајки не може да ме замајат“ рече Пендаровски.

Слични содржини