Пендаровски: Во моментов нема потреба од прогласување на вонредна или кризна состојба

од Aleksandar Todeski
197 прегледи

Заклучокот е дека на терен имаме одлична соработка помеѓу МВР, Армијата, но и локалната самоуправа. Посебно признание треба да им се даде на граѓаните од овие две општини, рече претседателот Стево Пендаровски по завршување на Советот за национална безбедност.

„Министерот за здравство ни го презентираше целокупниот план за распоредувањето на сите здравствени работници, кои се ангажирани, кои се во резерва и единствениот заклучок е дека станува збор за максимално вклучување на сите здравствени работници. Заклучокот на Советот за безбедност во однос на целата ситуација за евентуално ширење на болеста е дека поставеноста на државата во овој момент е адекватна, за што впрочем зборува и СЗО. Она што е заначајно е дека сите луѓе. Ако има потреба, можеме да препорачаме владата да прогласи кризна состојба и во други општини. Заклучокот е дека нема потреба од избрзување со декларирање како на пример вонредна или кризна состојба, зошто во овој момент, според сите проценки, опасност да се случи такво нешто не постои“, посочи Пендаровски.

Претседателот апелираше граѓаните без потреба да не патуваат во земјите кои се од висок и среден ризик, како и оние кои работат надвор од државата без голема потреба да не се враќаат во земјава, поради моменталната ситуација. Тој истакна дека Советот за национална безбедност секој ден ќе следи што се случува, ќе одржува седници и ќе препорачува тоа што е во негова надлежност.

Слични содржини