Пентагон планира од 1 јули да ја укине забраната за регрутирање на транссексуалци во вооружените сили на САД. Како што објави “Јуес Тудеј”, повикувајќи се на американски воени извори, конечната одлука на раководството на американското Министерство за одбрана по ова прашање се очекува на почетокот на следната недела. Се претпоставува дека потоа со официјално соопштение ќе излезе министерот Аштон Картер.
65
