Песков: Конфискацијата на руски имот е незаконска според меѓународното право

од Stefanija Kuzmanovska

Обидите за конфискација на руски имот се незаконски според меѓународното право, а сите земји кои ја поддржуваат оваа идеја ќе ги почувствуваат последиците, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

„Јасно е дека естонските власти сакаат да бидат добри ученици и да направат преседан во оваа област. Какви и да се преземат мерки во тој контекст, тие ќе бидат апсолутно безначајни и незаконски од гледна точка на меѓународното право и, се разбира, ќе имаат последици за оние земји кои барем некако се придржуваат до таа идеја“, рече Песков, пренесува ТАСС.

Тој оцени дека САД и НАТО „де факто“ станаа индиректна страна во конфликтот во Украина, преплавувајќи ја Украина со оружје, технологија и разузнавачки информации.

Слични содржини